Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Ѓорѓиевски: Се чека рокот на испорака на новите над 100 автобуси, генерално е нормализирана состојбата со отпадот

Се чека да почне рокот на испорака на над 100 автобуси за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се чека да почне рокот на испорака на над 100 автобуси за градскиот сообраќај во Скопје, но и за другите општини – најави денеска градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој им се заблагодари на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и на целиот тим, кои им помогнаа на Скопје и на другите општини да се реши проблемот со превозот и обновата на автобусите.

Прашан дали е задоволен од комуналната хигиена во град Скопје, Ѓорѓиевски изјави дека, генерално, е нормализирана состојбата со отпадот за разлика пред една година кога ја презеле работата во „Комунална хигиена“ и затекнале само 17 возила исправни, кои може да го собираат сметот во општините. 

– Во моментот имаме 50-ина возила, кои се функционални, но јас секогаш велам – со години не се обезбедени нови возила и на дневна основа се случува по три, пет, седум, некогаш и по 10 возила ни паѓаат од работа – поради дефекти. Ова е значителна помош. Сите овие 27 возила – дел е цистерни за перење, дел е метларки, кои подобро ќе ги сервисираат тротоарите, плоштадите и сè друго, местата каде што народот наш се движи овде во Скопје, но најголем дел е возила што ќе собираат комунален отпад во руралните средини. Таму најмногу ни недостигаа, но и на булеварите и главните улици во општините во кои имавме проблем – вели Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој додаде дека друг проблем биле претоварните станици и губењето време, како и трошењето ресурси.

– Во моментот немаме функционални претоварни станици за да го премостиме делот Карпош, Ѓорче Петров и дел од Центар. Сега обезбедивме сами како Град Скопје, како „Комунална хигиена“, две претоварни станици – едната ќе биде токму таму стационирана и многу побргу ќе се движат процесите во однос на собирањето на отпадот, а другата ќе биде стационирана во Гази Баба, која ќе го покрива тој регион таму – вели Ѓорѓиевски. 

Градоначалникот на град Скопје, Ѓорѓиевски, посочи дека дополнителен проблем е недостигот на контејнери, кои се стари и дотраени.

– Во наредниот период и тој дел од прашањето ќе го решиме и мислам дека ќе имаме целосно нормализирање на процесите – истакна Ѓорѓиевски. 

Забележа дека од страна на градоначалниците на ЗЕЛС е заклучено дека најголем проблем за комуналната хигиена е недостигот на механизација, а токму набавката на новите возила за „Комунална хигиена“, кои и денеска беа промовирани, се во насока на подобрување на состојбите со собирањето на сметот.