Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Собраниска „виза“ за новиот Закон за државната ревизија

Предлог законот за државната ревизија претставува значаен чекор за унапредување на системот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог законот за државната ревизија претставува значаен чекор за унапредување на системот на јавните финансии, јакнење на институционалната независност на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и зголемување на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, истакна заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, образложувајќи го предлогот за донесување Закон за државната ревизија, во прво читање.

Јанкуловски појасни дека основната цел на предложените решенија е да се создаде појасна и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија усуогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа.

– Една од клучните новини е зајакнувањето на независноста на Државниот завод за ревизија и притоа јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во годишната програма за работа. Предлог законот го прецизира и опфатот на државната ревизија која покрај институциите кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија кога постои економски, финансиски или друг вид на интерес и кога се користат средства кои претставуваат јавни расходи. Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат надлежностите на главниот државен ревизор. Особено значајни се решенијата за самостојно планирање на ревизиите, професионалниот развој на ревизорите, контролата на квалитетот, а крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните, нагласи Јанкуловски.

Реклама

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет со која претседаваше пратеничката Сања Лукаревска, го прифатија предложениот закон за државната ревизија во прво читање и го проследија во понатамошна собраниска процедура.

На денешната комисиска седница, пратениците без забелешки ги прифатија сите предложени амадмани на повеќе предложени закони по скратена постапка, кои се усогласуваа со законот за високи раководители. Членовите на Комисијата за финансирање и буџет дадоа „виза“ за предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, потоа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, предлог на закон за изменување на Законот за стоковните резерви, предлог на закон за изменување на Законот за Управата за јавни приходи и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистер.