Продлабочување на соработката со Кралството Шведска во реформите на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција биле тема на денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Шведска во Македонија, Ола Солстром.
Како што соопштија од Министерството, Шасивари изразил благодарност за континуираната поддршка на Шведска, особено преку UNOPS и ангажманот на експерти, што придонесува за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на законодавството со европските стандарди.

-Шведска е наш значаен партнер во процесот на реформи. Верувам дека преку експертиза, размена на искуства и конкретна поддршка можеме уште посилно да ги унапредиме институциите и да испорачаме подобри услуги за граѓаните, потенцирал министерот Шасивари.

На средбата биле разгледани и тековните реформи поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности, како и обврските од Реформската агенда во областа на владеењето на правото.

-Се дискутираше и за можностите за нови заеднички иницијативи, особено во дигитализацијата на правосудството, пристапот до правда, човековите права и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓународната правна помош меѓу двете земји се одвива непречено, без отворени прашања кои би ја попречувале соработката, стои во соопштението.
