Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Град Скопје и уште 10 општини добија 49 нови комунални возила

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес. Со 4,2 милиони евра преку Светска банка  набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците. 

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска Банка. 

Сега, како што информира Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1 200.

– Овој проект е за подобра животна средина, поголема хигиена во нашите општини кои добиваат нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општетсвена и граѓанска одговорност затоа што сите треба да бидеме подеднакво одговорни кон животната средина – рече Мицкоски. 

Реклама

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа