Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Бредли Гарднер, шеф на Политичко-економскиот сектор, Барнабас Биркеланд, економски аташе, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава. На средбата присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска.

На средбата беа разменети мислења за актуелните економски состојби и очекувањата за македонската економија, како и за тековните светски и регионални економски движења и нивното влијание врз домашната економија.

Гувернерот Славески ги претстави тековните активности и приоритети на Народната банка, со посебен осврт на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, стабилноста на девизниот курс и натамошното унапредување и модернизирање на финансискиот систем. Во тој контекст, беше истакнато дека Народната банка и натаму спроведува соодветна макроекономска политика, насочена кон одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, како основа за стабилно и предвидливо економско окружување.

Реклама

На средбата беше посочено дека финансискиот систем и натаму е отпорен и може да се справи со потенцијалните ризици и предизвици од домашното и меѓународното окружување. Притоа, Народната банка продолжува со следењето на ризиците и со преземањето соодветни мерки за одржување на стабилноста и довербата во банкарскиот и финансискиот систем.

Во разговорот беше нагласена важноста на продолжувањето на редовниот дијалог и размената на мислења за актуелните економски прашања, имајќи ги предвид неизвесностите во светското економско окружување и потребата од навремени и соодветни политики за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.