Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Андоновски: Во октомври промоција на „М.услуги“, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вчерашното гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вчерашното гостување на една од националните телевизии официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација „М.услуги“.

– Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација „М.услуги“. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните – истакна Андоновски.

Преку „М.услуги“, се наведува во соопштението на Министерството за дигитална транформација, граѓаните на едно место ќе може да пристапуваат до личните документи во дигитална форма, како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Реклама

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со кибербезбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

– Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме пред таа да биде достапна за сите да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа речиси 6.000 граѓани – рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација, се додава во соопштението, е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.