Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско

– Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Амзабегово, Светиниколско, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Амзабегово, Светиниколско, каде што се измерени 88 литри на квадратен метар. Следуваат Струмица со 50 л/м2, 29 Градско, 26 Кавадарци, Бовин, 23 Радовиш, 18 Коџалија, 13 Штип, 10 Берово, Ѓуриште, Демир Хисар, 9 Крушево, Водоча, 8 Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен, 7 Виница, 3 Тополчани, 2 Велес, Прилеп, 1 Битола, Скопје – Зајчев Рид.

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на Управата за хидрометеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на разни места може да е многу поголема од измерената, наведуваат од УХМР.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени.

Реклама

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 34 степени.