Кој бара алиби за избори? – Венко Филипче тврди власта, а всушност лидерот на СДСМ бара изговори. И повторно прстот го впери кон медиумите кои не се под негова контрола. Тие би можеле да бидат проблемот за успешен изборен резултат.
Контролата со над 40 проценти медиуми под контрола на Орбан и сега влез на дополнителна медиумска машинерија од Србија, веќе е нешто што го приметуваат и нашите стратешки парнтери. Дополнително и тоа што е блокиран евроинтегративниот пат на земјата. Што е наш стратешки интерес од 91-ва година, изјави Филипче.
А дека СДСМ не е подготвен за избори и дека не треба да ги бара , гласно зборуваат и истакнати социјалдемократи. Неговиот претходник Димитар Ковачевски вели дека нема причина за предизвикување предвремено изборно соочување, кога Владата има апсолутно мнозинство.

-Ние кажавме неколку пати дека ние нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори. Еве има апсолутна власт премиерот, две третини во Собранието, може да распише избори кога сака, но суштинското прашање не е тоа кој и на кој начин ќе ги предизвика предвремените избори или непредвремени парламентарни избори, поради тоа што кога ти имаш мнозинство две третини во Собранието, што е сон на секоја политичка партија, изјави Филипче.
Премиерот Мицкоски претходно јасно порача дека неговата цел е да се одработи целиот мандат и да се испорачаат проектите ветени пред граѓаните.
Матеја Петровски
