Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Tоп

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Пет години граѓаните при регистрација на воизила во дел од техничките прегледи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет години граѓаните при регистрација на воизила во дел од техничките прегледи во Скопје си плаќале давачки кон државата за патишта, за животна средина, општинските побарувања,  па дури и за Црвен крст. Но ниту денар од парите на завршиле во државната каса, туку во приватни џебови. Уплатите за сите услуги легнувале на сметка на осигурително брокерско друштво, иако таму само требало да се подмири полисата за осигурување на возилото. Криминалната група преку лажни извештаи потоа ги прикривала наплатите, па ги префрлала од сметка на сметка даим се изгуби трагот. Дел од средствата , биле прикажувани како позајмици, а со дел се купувале недвижности во корист на правните лица. Биле  проневерени  и испрани над 2,26 милиони евра.

Главен координатор на криманалната шема бил газда на фирмата за технички преглед со седиште во Кучевиште, кој имал станици на повеќе локации во главниот град. Му помагале директорите, сметководител, човек од осигурително брокерско друштво,  а имале и врска во надзорот, вработена во Државни патишта. 

Сметководителот внесувал невистинити податоци во даночните пријави.  А вработената во Државните патишта, сега осомничена, не го вршела надзорот кој го имала како обврска и не ги проверувала разликите меѓу реално наплатените и пријавените средства. Токму таму бил зададен и најголемиот удар. Јавното претпријатие за државни патишта останало  без речиси 800 илјади евра.

Реклама
  • Т.М. во својство на помошник директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта иако имала обврска да го следи уплатениот надоместок и да врши проверка на доставуваните извештаи… истата пропуштила должен надзор и го известувала Д.М. за наплатениот износ на сметката на ЈПДП наместо правното лице од с.Кучевиште да доставува месечни извештаи до нив, на кој начин на С.С. му овозможиле да се стекне со противправна корист во износ 48.434.406 денари по однос на надоместок за патна такса“ се наведува во кривичната пријава од МВР.

Претпреси биле направени на повеќе локации,а одземена е и поголема сума на пари.

  • Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што лишени од слобода се С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила“ изјави Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

За случајот полицијата поднела кривична пријава против шест физички и три правни лица. Тие се товарат за проневера во службата, перење пари и други приноси од казниво дело, а еден од пријавените и за несовесно работење во службата.