Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Скопје од утре ќе светне како никогаш досега. По години запоставеност, градските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје од утре ќе светне како никогаш досега. По години запоставеност, градските власти во соработка со Владата обезбедија педесетина нови, модерни возила со кои чистењето на улиците и собирањето отпад ќе стане многу поефикасно. Набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционално возило за чистење на улиците.

Освен Скопје, ќе се подноват и уште десет други општини. Министерот Николоски вели дека допрва ќе пристигнат и нови возила. Набавката е уште позначајна ако се има предвид дека потрошеното е пониско од првично предвиденото:

„Влеговме во процесот и повторно направивме заштеда. Проценетата вредност беше 5,5 милиони евра, а вкупната вредност на оваа набавка е 4,2 милиони евра. Што значи дека низ еден транспарентен, отворен процес успеавме да ја завршиме набавката, но и повторно да заштедиме средства. Новите комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски

Реклама

Модернизацијата на комуналниот возен парк, според премиерот Мицкоски, е многу значајна не само од еколошки аспект, туку воопшто за подобар живот на граѓаните во Скопје и општините. Тој најави дека Владата ќе продолжи да се залага за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и нагласи дека очекува одговорност и поголема свест од сите за почиста и поздрава еколошка средина.

„Од клекната, ограбена и распадната држава којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после три години е подобро место за живеење. Јас ви гарантирам дека за три години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, најави дека градот наскоро ќе добие уште пет камиони за собирање отпад, но и уште 3.200 нови контејнери. Постапката за нивна набавка била во финална фаза.

„Означуваме почеток на проекти кои што практично го менуаат животот на нашите сограшани, а тоа е и целта поради која сме избрани од граѓаните, да ги подобруваме состојбите. Ова е значителна помопш за општините, што се случува денес што имаме можност да го видиме како дел од презентацијата, нова можност за општините, нов начин на собирање на отпадот и третман на истиот еден од најгорливите прашања не само во Скопје туку и во цела Македонија“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Паралелно со новите возила за комуналните потреби, Скопје се подновува и во делот на јавниот сообраќај. Првата делница од градскиот воз веќе функционира, а наскоро се очекува да пристигнат и новите електрични автобуси со кои јавниот превоз ќе стане уште поефикасен.