Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Не била невина само Ива Михаилова, која е обвинета дека со своето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не била невина само Ива Михаилова, која е обвинета дека со своето „БМВ“ усмрти 33-годишен маж кај Кочани, сега и таткото Симеон тврди дека бил политички осуден за обид за убиство, само затоа што некој сакал да му го земе бизнисот во Македонија. По се изгледа дека бугарските пасоши станаа штит со кој македонски граѓани се обидуваат да ја избегнат правдата. Па така бегалецот Симеон Михајлов, кој токму со помош на бугарскиот пасош најде заштита во Софија од издржување затворска казна во Македонија, продолжува јавно да се правда и да дели лекции за правда. Иако е осуден за неколку дела, од обид за убиство, па се до злосторничко здржување, сега откако се истрача и се појави на телевизија наместо да биде за решетки тврди – сите пресуди биле „политички монтирани процеси поради бизнис интереси.
Сепак, бегалецот Михаилов заборави еден клучен детал. Тој самиот се промовираше во медиумите во Софија и на тој начин ја актуелизираше потерницата против него и пресудите од озлогласениот предмет „Детонатор“.
Македонија очекува од бугарските власти да го уапсат Михаилов, иако шансите тој да биде испорачан во Македонија се минимални – Бугарија не екстрадира свои државјани во други држави, без разликата на делото. Во меѓувреме, тече процесот против неговата ќерка Ива, на која во Кочани и се суди за предизвикување на сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33 годишен маж. Случајот доби на тежина, откако Бугарија како држава се вмеше вршејќи притисок врз судот во Кочани да и дозволи да замине за Софија на лекување. Тврдат дека таа е жртва само затоа што била Бугарка. Судот засега не го дозволува тоа, со цел да се обезбеди нејзино присуство на рочиштата. Појавувањето на нејзиниот татко во јавноста, кој е осуден во Македонија, а не достапен за полицијата, само ги потврдува аргументите на судот дека ако Ива замине од државава, можеби никогаш нема да се врати и да се соочи со правдата.