Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Дурмиши: Али Ахмети им ја должи вистината на Албанците

Има вистини што болат, но мора да бидат кажани. Повеќе од 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има вистини што болат, но мора да бидат кажани. Повеќе од 20 години на Албанците им се кажуваше само едната страна од Охридскиот договор. Денес на виделина излегува и другата страна.

Гзим Острени, еден од клучните актери во настаните од 2001 година, јавно кажа дека, додека Али Ахмети ја водел политичката игра, албанскиот јазик останал надвор од Уставот и бил сведен на понижувачката формулација од 20 проценти, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Бесар Дурмиши од „Вреди“.

Уште потешко е што самиот Острени мислел дека станува збор за албанскиот јазик. Дури многу години подоцна сфатил дека во Уставот не пишува „албански јазик“, туку „јазик што го зборува заедница која сочинува повеќе од 20 проценти од населението“.

Реклама

Според Острени, тогашното барање било Македонија да се дефинира како албанско-македонска држава. На крајот, нашиот јазик остана без своето име, скриен зад проценти.

Ние, како нова политичка генерација, немаме обврска да ги чуваме митовите на кого било. Имаме обврска на Албанците да им ја кажеме вистината и да побараме одговорност за одлуките донесени во нивно име.

Затоа, Али Ахмети им должи одговор на Албанците,

Што го натера од барањето за албанско-македонска држава да заврши со прифаќање албанскиот јазик да не биде наведен во Уставот со своето име?

Во сите овие години, Али Ахмети на Албанците им ја продаваше само својата верзија на Охридскиот договор.

Секогаш кога ДУИ ќе беше притисната поради корупција, неуспеси или политички пазарења на штета на Албанците, Али Ахмети излегуваше пред нив повикувајќи се на Охридскиот договор. Го користеше како штит за сè што направи, но и за многу работи што не ги направи. Тоа продолжува да го прави и ден-денес.

Но, Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, ниту лична сопственост на Али Ахмети. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ.

Затоа се поставува и второто прашање,

Ако Али Ахмети правел компромиси со албанскиот јазик, што друго им премолчил на Албанците?

Почитувани,

За разлика од ДУИ, ние не го користиме Охридскиот договор за самофалење, туку работиме на негово унапредување. За првпат по 25 години, правичната и соодветна застапеност ја претвораме од уставен принцип во закон, додека децентрализацијата ја враќаме таму каде што ѝ е местото, меѓу главните приоритети.

Тоа се два столба на Охридскиот договор кои повеќе од две децении останаа недовршени и, како што изгледа, беа жртвувани во политичките компромиси и пазарења на Али Ахмети.

Колку и да е болна вистината, таа мора да се каже. Особено по толку години во кои многу се зборуваше во името на Албанците, а зад нивниот грб се правеа политички компромиси на нивна штета.