Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Мицкоски: Очекуваме да продолжи растот на БДП и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто, ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски очекува растот на БДП да продолжи и да изнесува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто. Како што изјави денеска, Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови. 

– Сите задолжувања се за пороекти како овој, за враќање стари долгови, еврообврзници. Оваа година имаме еврообврзница од 700 милиони, следната година од 500 милиони, 2028-ма повторно 700 милиони, имаме камати и буџетски дефицит за реализирање капитални инвестиции и тоа се тековни расходи. Но, важно е дека имаме една од најниските инфлации во Европа, раст на БДП, на индустриското производство кое вчера го објави Државниот завод за статистика и тоа е еден од ретките примери во Европа. И уште многу работи можам да кажам. Дали е се решено, не е, дали има предизвици, има, зашто тоа што го наследивме од СДСМ и ДУИ беше катаклизма и катастрофа. Но, мотивирани сме да го решаваме секој предизвик, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на Градскиот воз.

Тој потсети дека  2025 година заврши со 3,5 отсто раст на БДП.

Реклама

– Оваа Влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3 отсто реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7 проценти и бевме во горната половина од земјите од Европа. Минатата 2025 година ја завршивме со 3,5 отсто раст на БДП, а номиналниот беше над 8 проценти и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4 отсто, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8 отсто. Предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата ЕУ, потенцираше премиерот Мицкоски.

Но, Владата, повтори, е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи. 

– Затоа ја добивме довербата од граѓаните – да ги решаваме проблемите. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми, изјави премиерот Мицкоски.

Тој уште еднаш укажа и на интервјуто на поранешниот висок функицонер од Владата на СДСМ и ДУИ.

-Тој беше дел од раководството на Левица па направи трансфер кај Тевдовски во Министерството за финансии, а денес се претставува како експерт. Тоа се твроците на т.н. прогресивен данок. Сам кажа дека кога дошле во МФ за камати плаќале 120 милиони евра, а 2026-та која е само втора година од оваа Влада плаќаме 350 милиони камати на долговите што ги наследивме од Владата на СДСМ и ДУИ, истакна Мицкоски.