Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Пожарот во Штипскиот регион е под контрола, нов пожар од косовска страна е влезен кај селото Грачани, мирисот се чувствува и во Скопје

Делумно под контрола е ставен големиот пожар во Лакавичкиот регион меѓу селата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делумно под контрола е ставен големиот пожар во Лакавичкиот регион меѓу селата Пухче и Селце во општина Штип. Останува да се изгасни уште еден крак, кој оди кон селото Селце на планината Серта информира денеска командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов. На терен се штипските пожарникари за да интервенираат и го изгаснат огнот. 

-Имаме уште еден крак каде што е критичен према селото Селце, но се надевам дека денес ќе ни послужи и времето, значи ќе биде поладно, ќе нема многу ветрови, да можеме да го ставиме и тој крак од огнот под контрола. Инаку  огнот синоќа се  закануваше кон првите викенд куќички, бидејќи имаме таму населба со викенд куќички. За тоа беше побарана и дополнителна сила од Дирекцијата за заштита и околните општини. Успеавме  да ги спасиме викенд куќичките и за среќа да немаме повредени лица-изјави Ренџов. 

Тој истакна дека за овој пожар имаат информации и очевидец дека е подметнат од страна на пироман, за што е и информирана и СВР-Штип. 

Реклама

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов денеска информираше дека ситуацијата со пожарите на отворен простор на ниво на државата е сè уште алармантна. Во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 41 пожар на отворен простор, но слабите врнежи кои што паднаа во делови од државата сосема малку ја олесниле работата на пожарникарите, доброволците кои го гаснат огнот од земја.

​Тој информираше дека ​пожарот на Пелистер е ставен под целосна контрола, но сè уште на одредени места дава знаци на чадење и горење. Поради тоа пожарникарите од Ресен се на лице место и дејствуваат врз  новопојавени жаришта, кои што најчесто се појавуваат во изгорениот дел, но некои од нив и на огнената линија.

​-Во текот на ноќта, од косовска страна во Македонија навлезе тежок пожар, кој што моментално се движи во атарот на село Грачани, кој што има голема огнена линија -долга повеќе од пет километри. На лице место се скопските пожарникари со поддршка на огнените тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и сите се обидуваат да воспостават делумна контрола врз овој пожар, да не дојде до загрозување на околните села. Таквата опасност засега се исклучува, но мирисот од пожарот може да се почувствува во делови од Скопје- изјави Ангелов.

​Тој посочи дека  повторно има појава на огнени точки на планината Китка од страната на градот Скопје, на територијата на општина Студеничан и тоа во атарот на село Количани, каде што има појава на нов пожар, и во атарот на село Цветово, кое што е во ниските делови, не е на Китка, но е на територијата на општина Студеничани. 

-Повторно некој подметнал нови пожари, врз коишто работат скопските пожарникари. Очекувам и сите тие набргу да бидат ставени под контрола, но кај еден од нив теренот е доста лош и постои можност да не биде брзо ставен под контрола. ​Еден од најтешките пожари коишто се активни во моментов е пожарот којшто се наоѓа на граница помеѓу општина Струга и општина Дебар, во атарот на село Луково и село Буринец. Поради опасност овој пожар да се приближи кон блиските населени места, рано утрово таму е испратен како поддршка еден армиски хеликоптер, кој што со своето големо ведро дејствува во текот на целото утро. Се надевам дека пожарникарите од Струга ќе воспостават контрола барем од насока на селата, за да не дојде до нивно загрозување. На лице место исто така се и припадници на Национални шуми коишто се распоредени по линијата на пожарот- посочи Ангелов.

Тој додаде дека ​останатите пожари кои што се активни на територијата на државата се релативно помали и не претставуваат загрозување за околните населени места.