Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Условите на делницата Зелениково – Скопје се европски, продолжуваме со проектите за кои ја добивме довербата од народот

Условите во кои ја поминавме делницата од Зелениково до центарот на Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условите во кои ја поминавме делницата од Зелениково до центарот на Скопје се навистина европски. Со ова не ги решаваме сите проблеми што ги имаме, но ова е чекор напред во делот на решавање дел од проблемите во транспортот и животната средина, загадувањето, имајќи предвид дека пред нас се грејната сезона и предизвиците што со неа доаѓаат – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако со градскиот воз пристигна во Скопје од железничката станица во Зелениково. 

Мицкоски беше придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и претставници на медиумите.

Според него, една година е прилично брз период за да се реализира овој проект.

Реклама

– Продолжуваме да ги реализираме проектите за кои сме ја добиле довербата од народот. Тоа е многу важно зашто преку реализацијата на проектите стекнувате кредибилитет, а преку кредибилитет ја менувате перцепцијата на државата и системот што го управува Владата – потенцира Мицкоски. 

Тој оцени дека сега, за многу кратко време, ќе се стигнува од Зелениково до Скопје.

Како што претходно рече директорoт на ЈП „МЖ Инфраструктура“, Синиша Ивановски, од Зелениково до Скопје и обратно се стигнува за неполни 25 минути. Има 25 километри реконструирана железничка мрежа, повеќе станици и постројки. Возовите без никаков проблем гравитираат со брзина од 80 километри на час, а некаде и со 100 километри на час. Има и 11 патни премини, а на секоја станица ќе има и паркиралишта за велосипеди.