Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Tоп

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

13 годишникот кој прободе свој врсник во срце е во рацете на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

13 годишникот кој прободе свој врсник во срце е во рацете на социјалните служби, но кривично нема да се гони. Законот не предвидува тој да одговара кривично бидејќи нема наполнето 14 години. Од кривичниот суд зад решетки го испратија само постариот брат, 19 годишниот со иницијали Б.И. кој учествувал во нападот во кој три лица се повредени, од кои две малолетни.

Одлуката за притвор на 19 годишникот според кривичен е донесена поради опасност од повторување на делото, можност за бегство или влијание на сведоци.

  • Б.И. е осомничен за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Мерката притвор е определена поради постоење на околности предвидени во член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат на опасност од повторување на кривичното дело“ соопштија од судот.

Обвинителството отвори истрага по претходна пријава од полициското одделение за крвни и сексуални деликти, според која осомничениот и неговиот малолетен брат со нож повредиле тројца. Малолетниот напаѓач во срце прободел врсник, а со тешки телесни повреди е и уште еден полнолетен. На друго дете му нанеле полесни повреди.

Реклама

Врсничкото насилство станува се почеста појава кај малолетниците и во Македонија. Годинава се регистрирани 10-тици инциденти најчесто во кругот на училиштата. Надлежните постапуваат, но очигледмно дека се потребни и порадикални промени. Дел од упатените сметаат дека треба да се интервенира и законски, за да се овозможат поефикасни мерки и санкции. Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски вели дека Законот за правда за децата треба да се заостри, односно да може малолетници да се праќаат во поправно-воспитен дом.

  • Затоа јас сум поборник што инсистира на надлежноста на Министерството за труд и социјални работи, за одземање на правото на родителите за воспитување на децата, прво создавање а потоа упатување во малолетнички односно во детски домови за воспитување. Тоа не се казнени, туку воспитни домови, каде што со психолози, педагози, социолози, со сите оние стручни служби ќе им се помогне на децата да излезат од девијатна состојба“ вели Љубомир Ѓурчевски – Поранешен началник во МВР.

Во ваков случај, иако 13-годишникот нанел животно-загрозувачки повреди кај својот врсник, по известување од полицијата, надлежноста целосно преминува кај месниот Центар за социјална работа. Социјалните служби можат да ја преиспитаат родителската грижа за да ги препратат на психосоцијална поддршка или советувалишна работа со семејството.

МОН заедно со МВР отпочна проект во образовниот систем за рано препознавање не само на врсничко туку и семејно насилство.