Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сандево фест 2026: Две вечери музика, традиција и забава во прегратките на Скопска Црна Гора

На само петнаесетина километри од Скопје, во прекрасното опкружување на Скопска Црна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само петнаесетина километри од Скопје, во прекрасното опкружување на Скопска Црна Гора, на 11 и 12 септември ќе се одржи четвртото издание на САНДЕВО ФЕСТ 2026 – културно-забавна манифестација која и годинава носи богата програма за сите генерации. Во текот на двете фестивалски вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во спојот на традицијата и современата забава – од детска програма и фолклор, преку stand-up настап, до концерти на познати македонски и регионални музички имиња.

Сандево Фест е замислен како место на средба на различни генерации, музички вкусови и културни содржини, но и како можност пред пошироката јавност да се претстават природните, културните и традиционалните вредности на Чучер-Сандево и Скопска Црна Гора.

„Сандево Фест е наша заедничка приказна која од година во година расте, тоа е манифестација која го слави традиционалното и го отвора Чучер-Сандево за нови посетители. Сакаме да ја негуваме традицијата и културата на овој крај, но истовремено да создаваме современи содржини кои ќе ги обединат сите генерации. Чучер-Сандево има прекрасна природа, богато културно и духовно наследство и огромен потенцијал за развој на руралниот, културниот и рекреативниот туризам. Токму ваквите манифестации се можност нашиот крај да го отвориме кон нови посетители и да покажеме дека на само неколку километри од Скопје може да се доживее нешто сосема поинакво. Ги поканувам сите граѓани на 11 и 12 септември да ни се придружат и заедно да создадеме уште едно успешно издание на Сандево Фест“, вели градоначалникот на Општина Чучер-Сандево, Зоран Бајовски.

Реклама

За посетителите кои ќе пристигнат од Скопје и од другите делови на земјата, Сандево Фест може да биде и повеќе од фестивал – повод да се открие Скопска Црна Гора, повод за едно поинакво септемвриско доживување. Планинското и руралното опкружување, старите села, вековните цркви и манастири и богатото културно-историско наследство му даваат посебен карактер на овој крај.

Организаторите ги повикуваат посетителите да дојдат порано, да прошетаат низ Скопска Црна Гора, да откријат дел од локалните знаменитости и традицијата – Сандево Фест 2026 е покана за два дена да се излезе од секојдневието – да се ужива во природата, да се почувствува традицијата, да се вкуси локалната атмосфера и вечерта да заврши со добро расположение, со добра музика и забава.