Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Издавачи и литературни агенти од Грција, Бугарија и Албанија – гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан

Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и Албанија ќе бидат гости на програмата „Скопје фелоушип“, во рамките на 14. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, што ќе се одржи од 13 до 15 септември во Скопје.

Годинашното издание на програмата во Скопје ќе ги донесе: Ефи Риза-Скифа, основачка и издавачка менаџерка на грчката издавачка куќа „Енастрон“, Манол Пејков, сопственик и генерален директор на бугарската издавачка куќа „Жанет 45“ и основач на Софиската литературна агенција, Рајмонда Хида, директорка за надворешни односи и авторски права во албанската издавачка куќа „Фан Ноли“, Гергана Панчева, извршна директорка на Софиската литературна агенција, Аристеа Илиопулу, раководителка на издавачкиот сектор и лекторка во „Енастрон“, и Реџеп Хида, директор на „Фан Ноли“.

Во програмата „Скопје фелоушип“ вообичаено учествуваат издавачи, литературни агенти и други професионалци од меѓународниот книжевен и издавачки сектор, со цел да се овозможи поголема видливост на македонската книжевност и да се создадат директни контакти меѓу домашните автори, издавачи и странските професионалци. Сите учесници на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачки куќи.

Реклама

Ефи Риза-Скифа дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Атина, на Катедрата за византиски и современи грчки студии. Во 2004 година, водена од нејзината љубов кон книгата и литературата, заедно со соработници ја основала издавачката куќа „Енастрон“, која објавува дела од областа на литературата, прозата и поезијата, есеистиката, филозофијата и науката. Изданијата на „Енастрон“ денес се објавуваат на повеќе јазици, а каталогот вклучува и голем број преводни наслови во соработка со издавачки куќи од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и други земји.

Манол Пејков е сопственик и генерален директор на издавачката куќа „Жанет 45“ и на печатницата за дигитален печат „2х2“, како и наградуван литературен преведувач и претприемач. Тој е коосновач и косопственик на тонското студио „Пекарната“ во Софија и основач на Софиската литературна агенција, единствената агенција во Бугарија која активно се занимава со промоција и продажба на авторските права на бугарските писатели на странски пазари. Од 2009 година има организирано повеќе од 40 книжевни турнеи низ Бугарија со писатели од целиот свет. Изданијата што ги има објавено се добитници на бројни признанија, меѓу кои повеќекратно наградата за превод „Крстан Дјанков“ на Фондацијата „Елизабет Костова“ и наградата „Христо Г. Данов“ за најдобар превод.

Рајмонда Хида е родена во Елбасан во 1991 година. Дипломирала на катедрата за јазици и литература при Универзитетот „Планетари“ во 2007 година. Таа е директорка за надворешни односи и авторски права во издавачката куќа „Фан Ноли“, која ја има претставувано на меѓународни саеми на книгата во Франкфурт, Париз, Женева, Истанбул, Шарџа, Москва, Пекинг и други градови.

Гергана Панчева е извршна директорка на Софиската литературна агенција од 2022 година. Агенцијата застапува повеќе од 30 бугарски автори и нивни наслови од областа на уметничката проза, публицистиката, поезијата и детската литература. Од своето основање има обезбедено преводи на повеќе од 200 наслови на странски јазици, вклучувајќи бугарски романи преведени на португалски, шведски и индиски јазици, како и книги за деца во Албанија, Ерменија, Хрватска, Иран и Турција. Панчева била координаторка и иницијаторка на првите две изданија на Sofia International Literary Fellowship. Во 2026 година таа е првиот и единствен бугарски литературен агент кој има роман во најтесниот избор за наградата „Букер“ – „Остајница“ од Рене Карабаш, наслов кој е објавен или е во подготовка на повеќе од 26 јазици.

Аристеа Илиопулу е филолог и дипломец на Катедрата за филологија при Националниот и Каподистриски универзитет во Атина, со специјализација по лингвистика. Магистрирала на Хеленскиот отворен универзитет на програмата „Лингвистика и образование“, со истражувачки интерес во областа на мултилингвизмот и улогата на заедницата во училишниот систем. Од 2014 година е дел од тимот на издавачката куќа „Енастрон“, каде што ја извршува функцијата раководителка на издавачкиот сектор и лекторка.

Реџеп Хида е директор на издавачката куќа „Фан Ноли“, првата приватна издавачка куќа во Албанија, основана во мај 1991 година. Има работено како преведувач, уредник и професор, а од септември 1975 до мај 1991 година бил раководител на политичкиот сектор во државната политичка издавачка куќа. Од 1991 година е директор на „Фан Ноли“. Во периодот од 1995 до 2007 година бил директор на Светска банка за Албанија. „Фан Ноли“ денес е меѓу најголемите издавачки куќи во Албанија и досега има објавено повеќе од 2.000 наслови.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“, меѓу другите се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Делегација на Европската Унија и Europe House, Амбасада на Грција, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Словенија, Кинотека, Музеј на град Скопје.