Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Карерас и македонските музички ѕвезди заедно ја запеја „Едно име имаме“ на плоштадот „Македонија“

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, заедно со македонските музички ѕвезди и Македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, заедно со македонските музички ѕвезди и Македонската филхармонија, синоќа на плоштадот „Македонија “ во Скопје приредија незаборавна концертна вечер како дел на прославата за јубилејот – 35 години независност.

null

Карерас и македонските музички ѕвезди ја запеаја „Едно име имаме“, што беше проследено со овации од многубројната публика.

Покрај шпанскиот тенор, кој беше главна ѕвезда на вечерта, настапија и македонските музичари Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.

Реклама
null

И за вечер во Скопје е најавен голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), бесплатно за публиката ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот.

null

На 4 септември во главниот град ќе се одржи уште еден спектакл по повод 8 Септември – пристигнува караванот „Силно светнал ден“ кој патувањето низ Македонија ќе го заокружи на Плоштад Македонија со настап на повеќе од 120 артисти. И овој настан, како што е најавено, ќе почне во 20 часот.

null

„Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

null

Караванот почна од Охрид, на 9 август и посети 11 градови низ државата, а дел од него се познати македонски изведувачи и актери.

null

Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, на 8 септември со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус музика, Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.

null

Музичката програма со повеќе концерти за 35 години независност на државата, ја подготви Авалон-продукција во соработка со Владата.са/ 

null