Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје

Во Скопје вечерва ќе се одржи голем музички спектакл по повод 35…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје вечерва ќе се одржи голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на платото пред „Т-арената“ („Борис Трајковски“) бесплатно за публиката ги носи Слаткаристика, „Суперхикс“, „2 бона“, „Фанк шуи“ и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудиовизуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот.

По повод 35 години независност синоќа на плоштадот Македонија во Скопје се одржа концерт на светски познатиот тенор Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. 

На 4 септември во главниот град ќе се одржи уште еден спектакл по повод 8 Септември – пристигнува караванот „Силно светнал ден“, кој патувањето во Македонија ќе го заокружи на плоштадот Македонија со настап на повеќе од 120 артисти. И овој настан, како што е најавено, ќе почне во 20 часот. „Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Реклама

Карванот почна од Охрид, на 9 август, и посети 11 града во државата, а дел од него се познати македонски изведувачи и актери.

Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, 8 Септември, со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус-музика Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со својата светска продукција The Monolith Stadium Show, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.

Музичката програма со повеќе концерти за 35 години независност на државата ја подготви „Авалон продукција“ во соработка со Владата.