Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Предложен притвор за едно лице за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор  за 19-годишник осомничен за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир. 

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник – се вели во соопштението од Обвинителството. 

Претходно денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се приведени вкупно пет лица за инцидентот во скопската населба Чаир, во кој со нож беше повредено 13-годишно дете. 

Реклама

Според министерот, повреденото дете се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и се бори за животот.

– Едно лице моментно е во многу тешка здравствена состојба, се бори за животот. Станува збор за малолетник, а во согласност со првичните информации добиени од службите во Министерството, и оној што го врши кривичното дело исто така е малолетник. Детето со тешки телесни повреди и детето што ги нанесува се иста генерација, родени 2012 година – изјави министерот Тошковски.