Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Гаши: Посакувам учебна година исполнета со знаење, успеси, пријателства и нови соништа

Со емоциите на 1 септември – денот што повторно носи живост, насмевки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со емоциите на 1 септември – денот што повторно носи живост, насмевки и надеж во нашите училишта, ви упатувам најубави честитки за почетокот на новата учебна година, напиша денеска собранискиот претседател Африм Гаши на неговата Фејсбук-страница.

 На образовните институции им посакува постојана посветеност во создавањето на што подобри услови за квалитетно и рамноправно образование за сите.

– На наставниците им изразувам најдлабока благодарност за нивната работа, посветеност и незаменлива улога во воспитувањето и обликувањето на младите генерации. А на вас, драги ученици, ви посакувам година исполнета со знаење, успеси, пријателства и нови соништа. Верувајте во себе, учете со љубопитност и секогаш одете напред. Чувајте ја силно емоцијата на првиот училишен ден и желбата за учење, за испробување и за напредување. Затоа што зад секоја книга што ќе ја отворите, секоја лекција што ќе ја научите и секој сон што ќе се осмелите да го следите, не се гради само вашата иднина, туку и иднината на нашата земја –  наведува Гаши во објавата, порачувајќи учебната година да биде успешна.