Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе – соопшти денеска прес-службата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

На средбата министерот Муцунски ја потврдил посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст ја нагласил важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговарале и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

Реклама

– На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа – велат од МНРиНТ.