Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

Ниту еден загубен човечки живот, ниту една изгорена куќа во која живеат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту еден загубен човечки живот, ниту една изгорена куќа во која живеат луѓе. Македонија годинава куртули од катастрофални пожари со огромни штети. Со максимални напори се зачува и бесценетиот шумски фонд. Досега повредени беа двајца багеристи кои херојски се соочија со пожарите, со лесни повреди поминаа и неколку пожарникари, пеплосани беа неколку напуштени стари селски куќи. Со навремена организација, надлежните годинава успешно се справија со пожарите и спречија големи еколошки катастрофи. Најкритичен и најтежок за гаснење оваа година беше пожарот кај Пелистер, но брзата реакција и од воздух и од земја спречија да изгори заштитената молика. Во останатите пожари главно гореше ниска вегетација, сува трева и минимално борова шума. За речиси сите пожари, сомнежот е ист, предизвикани се од човек. Денеска гори кај Штип, но пожарот не е опасен и се очекува до крајот на денот да биде изгаснат.

„Вчера доцна попладне изби пожар во штипско, во атарот на село Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, во падините на планината Серта. Утрово со огнен тим на ДЗС и доброволците од Штип работат на ставање под контрола. Испративме и полициски хеликоптер, очекувам во текот на денот да биде ставен под контрола и изгаснат“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор. Од нив, 69 биле шумски пожари, додека 1.627 пожари биле регистрирани на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста деградирана шума и ѓубришта, односно депонии.

Реклама

За разлика од кај нас, апокалиптични снимки оваа година гледавме од Европа. Жртви, изгорени животни, запалени домови, уништени илјадници хектари шуми. Во Грција се евакуираа туристи, загинаа двајца пожарникари, а гаснејќи пожари се судрија и два хеликоптери, во кои загинаа двајца членови на екипажот.

И Хрватска и Црна Гора не куртулија. Во градот Омиш имаше две жртви, повредени беа десетици луѓе, а илјадници жители и туристи ги напуштија погодените подрачја. Јагленосани стебла, стопен асфалт, изгорени возила, уништени згради – шумските пожари во Европа оставаат зад себе пустош и штета од повеќе милијарди евра. Особено загрозена е шпанската економија, држава во која изгореа околу 206 илјади хектари шуми. И Белгија годинава се избори со најголемиот пожар во историјата на земјата, а Европа сè уште брои жртви.