Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Град Скопје: Новата учебна година со современи услови за средношколците

Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење, информира Град Скопје.

Во соопштението наведува дека се обновени и опремени кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добиле современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел.

-Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде што учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството. Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите, наведува Град Скопје.

Реклама

Прес-службата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во соопштението посочува и дека со овие инвестиции Скопје „продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднината“.