Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Тошковски: Решен техничкиот проблем за детекција на прекршоците кај мотоциклистите со „Безбеден град“, само првиот ден околу 9 прекршоци за недозволена брзина

Примарната цел на Министерството за внатрешни работи при примената на паметниот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Примарната цел на Министерството за внатрешни работи при примената на паметниот систем „Безбеден град“ е неселективно и професионално постапување со цел спасување човечки животи во сообраќајот, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вклучувањето на моторите во опсегот на „Безбеден град“.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефективноста на техничките контроли и изречените санкции, Тошковски нагласи дека МВР во изминатиот период работело на надминување на повеќе технички и системски предизвици.

– Многу е битно да знаеме дека она коешто го работи Министерството за внатрешни работи во изминативе две години е насочено кон првично неселективно, професионално, максимално употребувајќи паметни системи и исклучувајќи го човечкиот фактор, со една и единствена цел, работење и во делот на сообраќајот, а тоа е еден човечки живот плус во споредба со претходно – изјави Тошковски.

Реклама

​Тој потсети дека првично биле лоцирани и решени проблемите со црните точки во однос на поставувањето на камерите, особено на подрачјето на Скопје, по што следувало и успешно решавање на детекцијата на странските возила. ​

– После тоа имавме проблем со детектирање на странците, заради тоа што тие не беа дел од оној систем кој претходеше од година дена за нашите граѓани коишто при регистрирање на возило ги даваат податоците потребни за да можеме да го направиме тој регистар. Покажавме дека можеме да го решиме и за нив – да, имаше мали проблеми на почетокот, но еве сега повеќе не е тема, како што не е тема гужви со пасошите, така не е тема и гужви на границите во делот на изрекување на сообраќајни прекршоци коишто се изрекувани сега и спрема странците – додаде министерот.

​Во однос на детекцијата на прекршоците кај мотоциклистите, Тошковски појасни дека станувало збор за специфичен технички проблем поради позицијата на регистарските таблички.

– Проблем беа мотористите и сите оние коишто јас ги нарекувам оние коишто глумат дека се моторџии, пошто вистинските моторџии ги почитуваат сообраќајните правила, носат кацига… имавме технички проблем како да ги детектираме при еден од прекршоците коишто ги детектираме автоматски, а тоа е брзината. Зошто? Од едноставна причина што камерата за брзина детектира предна шасија, предна страна на возило, а регистрацијата е на задната страна на моторот  – посочи Тошковски.

​Според него, со поставувањето на соодветната опрема на клучните локации веќе се бележат првите резултати.

По пауза од речиси три децении, денеска официјално започна со работа новото државно Средно полициско училиште

​-Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина од страна на оние коишто управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција од овој паметен систем „Безбеден град“, којшто искрено да кажам многу ме радува, затоа што покажа дека како дел од еден систем си ја врши работата –  заклучи тој.

Нагласи дека „Безбеден град“ дал резултати, особено во делот на намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди, при што направи споредба оваа и минатата година и нагласи дека во 2025 заклучно со 1 септември имало 96 жртви, а оваа година во истиот деветмесечен период имало 60 жртви. 

-И до сите македонски државјани и странци кои транзитираат низ Македонија, а ги почитуваат сообраќајните правила, секој од нив е учесник во делот на спасувањето човечки животи. Огромна лична благодарност до сите вас – рече министерот.

Во однос на тоа кога ќе се казнуваат странски државјани кои не ги почитувале сообаќајните правила и на други гранични премини, покрај Табановце, Тошковски рече дека тоа е предвизик за следниот период, со возможно техничко решение, со цел повторно да не се случат непредвидените ситуации, како тие во Табановце.

-На Табановце имавме, како да кажеме, погрешна проценка уште од старт. Имавме проценка дека ќе има по пет возила на час, а имавме по 500 возила на час. И тука сме на курсот. Така што, не сакаме истото да се случи и со останатите. Ќе гледаме максимално добро да се организираме, да немаме дополнителен товар за странците кои транзитираат низ Македонија, за да можат најбрзо што може да го регулираат она што се должни да го регулираат при влез во државата – рече министерот.