Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана ќе учествува на Конгресот на ФУЕН што ќе се одржи во Хелсинки, Финска

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што  ќе се одржи од 17. до 20-ти овој месец во Хелсинки, Финска.

-Изминатите единаесет години, од кога сме рамноправна членка на ФУЕН редовно учествуваме на сите Конгреси и други активности. Ќе учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин ќе биде Шведското собрание на Финска (Svenska Finlands folkting/Folktinget in Swedish), кое работи за јазичните права и статусот на шведскиот јазик во Финска,  информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него, Хелсинки ќе стане место за средба на европските малцинства, на 70. конгрес на кој се очекува да присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Реклама

Друштвото „Илинден“ член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и резолуции за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.

Во јуни годинава, беше домаќин на 29. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржа во Тирана. Друштвото за првпат беше домаќин на вакво настан на кој учествуваа 40 претсавници на 20 организации од Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија и Словачка.