Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЦУК: До 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворено, четири се активни, а седум се под контрола

– Четири пожари се активни попладнево, седум се под контрола, а еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Четири пожари се активни попладнево, седум се под контрола, а еден е изгаснат – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојбата со пожарите до 13 часот.  

Активни се пожарите во општина Сарај: с. Копаница и с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација); општина Штип: помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација); општина Струга: с. Пискупштина, с. Луково и с. Буринец (шума) и општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација).

По контрола се пожарите во:
– општина Македонски Брод: селата Битово, Заград и Страјане (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
– општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
– општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума);
– општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
– општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
– општина Делчево: Градска депонија „Острец“ (депонија);
– општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума).

Реклама

Изгаснат е пожарот во село Бузалково, Велешко, каде што горело стрниште.