Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде што пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане

Опасноста од пожари останува и нивниот број е сѐ уште многу висок,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опасноста од пожари останува и нивниот број е сѐ уште многу висок, тие ги исцрпуваат пожарникарите и сите што секојдневно учествуваат во нивното гаснење – изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 26  пожари на отворен простор, а во моментот тежок пожар има на територијата на општина Струга, во атарот на селата Локов и Буринец. 

– Се работи за шумски пожар, каде што пред гори неквалитетна шума, на некои места грмушки и трња, но постои опасност да навлезе и во квалитетна шума поради што разгледувавме можност за употреба на хеликоптер. Но во топлите часови од денот употребата на хеликоптерот е лимитирачка. Овде на самото место се упатени повеќе екипи на „Национални шуми“, кои се обидуваат да дојдат до попрецизни информации на кој начин овој пожар ќе биде ставен под контрола – информира Ангелов.

Реклама
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изг

Тој посочи дека доцна синоќа имало драматична ситуација на територијата на општина Боговиње, во атарот на селата Урвич и Јеловјане, каде што огнот, кој се симнувал по папратта и сувата трева, на надморска височина од речиси 1.400 метри, се приближил кон селото Јеловјане. 

– Но, од страна на храбрите пожарникари од Тетово, од кои побарав да отидат да му помогнат на локалното население, огнот беше сопрен на самиот пат. Поддршка дадоа и повеќе жители од локалното население овде од двете загрозени села. Во овој момент состојбата таму е стабилна, огнот е ставен делумно под контрола и не загрозува ниедно населено место ниту, пак, е зафатена квалитетна шума – истакна директорот на ДЗС.

Вчера доцна попладне, додаде, избуванал пожар и на територијата на општина Штип, во атарот на село Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, во падините на планината Серта. 

– Во текот на ноќта и рано утрово штипските пожарникари, со поддршка на огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од доброволни пожарникари од Штип, работат на ставање под контрола на овој пожар. Рано утрово таму испративме и еден полициски хеликоптер, кој значително им помогна на пожарникарите да биде ставен под контрола еден крак од овој пожар. Очекувам во текот на денот да биде ставен под целосна контрола, а веднаш потоа и целосно изгаснат. Зафатена е претежно ниска вегетација: трева, трње, грмушки и друг тип на ниска вегетација – рече Ангелов.

Алепира до граѓаните да бидат внимателни, вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа.

– За жал, и во текот на денешниот ден очекуваме појава на нови пожари поради што повторно ја користам оваа можност да апелирам до сите македонски граѓани и покрај тоа што денес е 1 септември и почнува учебната година, опасноста од пожари сѐ уште не е намалена, сѐ уште е висока, поради што апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни. Вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа – истакна Ангелов.