Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: За една година обновени 60 проценти од училишниот инвентар во основните училишта во Чаир

Во основните училишта во Општина Чаир во текот на изминатата година се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во основните училишта во Општина Чаир во текот на изминатата година се обезбедени 1.000 нови училишни клупи и 2.000 нови столчиња, со што е обновен околу 60 проценти од училишниот инвентар, соопшти денеска градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Информацијата ја соопшти при посетата на ООУ „Хасан Приштина“ по повод почетокот на новата учебна година, каде што на учениците, наставниците и родителите им посака успешна учебна година.

Според него, само годинава училиштата се опремуваат со 800 нови клупи и 1.600 нови столчиња, со цел да се подобрат условите за учење и престој на учениците.

Реклама

– Здравјето, правилниот развој и благосостојбата на нашите деца се наш приоритет. За само една година обновивме околу 60 проценти од инвентарот во основните училишта во Чаир, со вкупно 1.000 нови клупи и 2.000 нови столчиња. Инвестирањето во подобри услови во училиштата е инвестиција во нашите деца и во нивната иднина. Ќе продолжиме со истата посветеност, за секој ученик во Чаир да има што подобри услови за учење и развој – изјави Меџити.

Тој упати благодарност до компанијата „Евтинија“ за донацијата и континуираната поддршка, како и до сите кои придонесуваат за подобрување на условите во образовните установи во општината.

По повод првиот училишен ден, на учениците им беа поделени и пакети со училишен прибор.