Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Мицкоски: Јовановиќ призна дека владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денес оваа Влада плаќа камати

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира интервјуто на Бранимир Јовановиќ, поранешен висок функционер од СДСМ, каде што признава дека поранешната влада на СДСМ и ДУИ ѝ оставила долг на оваа Влада за кој до денес се плаќаат камати, рече дека тој сам признал дека додека на власт била владата на СДСМ и ДУИ, за трипати ги имаат зголемено долговите и обврските, кои сега оваа Влада ги плаќа.

– Дадено е интервју пред некој ден за медиум што важи за близок до опозицијата, во кое советникот вели вака: Кога дојдовме ние во Министерството за финансии, заедно со тогашниот министер Тевдовски, каматите што ги плаќавме на долгот беа 120 милиони евра, a во 2026 година каматите што оваа Влада ги плаќа се 350 милиони евра. Значи, самиот тој признава дека за трипати ги зголемиле долгот и обврските на оваа Влада. Тоа е нешто што претставува признание на отворена сцена од страна на поранешен висок функционер на владата на СДСМ и ДУИ, кој претходно беше во политичката партија Левица, па како голем финансиски експерт беше дел од тимот на министерот Тевдовски – рече Мицкоски. 

Премиерот додаде дека Јовановиќ на отворена сцена признава дека 2017 во споредба со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е, како што вели, „долгот што го оставила тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која го наследи од владата на СДСМ и ДУИ“.

Реклама

-​ Тука нема да навлегувам во егзибициите на нивната фискална политика кога стануваше збор за прогресивните даноци, кога ја уништија буквално македонската економија. Нема да зборувам на темата солидарен данок, кој ние го враќаме, а кој тие буквално го ограбија од македонската економија. Еве тоа ќе го оставам на страна, тие се тие марихуана економски политики – рече Мицкоски.