Реклама

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Македонија

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Бесплатни учебници за сите ученици, реконструкција на над 50 училишта, нови спортски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатни учебници за сите ученици, реконструкција на над 50 училишта, нови спортски сали, базени и реновирани студентски домови – образованието останува главен приоритет на Владата. На првиот училишен ден, премиерот Христијан Мицкоски им посака успешна учебна година на сите ученици. Им порача дека пред нив е нова страница во животот, но и многу предизвици кои ќе треба да ги совладуваат со знаење, труд и поддршка од родителите, другарите и наставниците. Мицкоски меѓудругото кажа дека Владата ќе продолжи да вложува во подобри услови за учење – модерни и безбедни училишта за секој ученик.

“Тоа е нешто што до пред три години претставуваше мисловна именка. Нешто што беше невозможно. На учениците им се диктираше до пола учебна година, а некои и цела година не го добиваа учебникот. И сега овие од талогот како да ги заборавија тие времиња на предизвици кога немавме учебници, па ги гледам таа мала група од талогот како денеска се дрзнува да спомнува и дури би рекол, во одредена мерка да навредува. Ние како Влада продолжуваме и понатаму да вложуваме за нашите најмили, тоа се децата.Се градат базени, се градат спортски сали, се градат нови училишта, се доградуваат училишта, се реновираат” – истакна премиерот.

Главната причина за намалениот број на првачиња според претседателот на Владата е падот на наталитетот. Тој образложи со бројки  дека секоја година се раѓаат околу 8.000 бебиња помалку, тоа во пракса значи помал број на првачиња и се повеќе празни училишни клупи. Во таа насока Мицкоски од учениците побара покрај знаење, од своите родители да побараат и братче или сестриче, како порака во контекст на се посериозниот демографски пад и затворањето училишта во земјава.

Реклама

 Во 2025 година во Македонија се родиле околу 15.650 деца, додека во годините пред пандемијата бројката се движела меѓу 22.000 и 23.000 новородени годишно.Станува збор за 7.000 до 8.000 деца помалку во рок од седум-осум години“, рече Мицкоски.

Инаку, Владата веќе има конретна стратегија и мерки. Дел од тие мерки се применуваат, има шест бесплатни обиди за ин-витро, бесплатни учебници, нови градинки, поддршка за младите семејства како и полесен начин за купување прв стан.Дополнително се разгледуваат и мерки како даночни олеснувања за мајки, поддршка за семејствата и зголемување на свесноста за демографијата.

Ања Лукарова