Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста

Новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред Судскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред Судскиот совет даде свечена изјава пред стапувањето на функцијата, при што порача дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста преку нова веб-страница.

Димовска, која изминатите 14 месеци ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на судот, истакна дека резултатите постигнати во тој период претставуваат основа за натамошната работа.

– Со оглед на тоа што веќе 14 месеци ја извршувам оваа функција, денес, единствено со давањето на заклетвата, можам да ветам дека ќе продолжиме со истото темпо и динамика. Во изминатите 14 месеци успеавме да го намалиме приливот на предмети за 4.000. Еден сме од најажурните судови во државата. Успеавме да го намалиме бројот на стари предмети за 53 проценти. Успеавме да немаме ниту еден застарен предмет во текот на оваа година. При крај се и процесите за анонимизација на судските одлуки. Во тек е постапката за добивање одобрение од Судскиот совет за нова веб-страница на Судот – изјави Димовска.

Реклама

Како најголем предизвик во работењето на судот, таа го посочи недостигот од кадар, нагласувајќи дека институцијата функционира со значително намален број вработени.

– Toа е најголемиот предизвик со кој се соочуваме, јас како раководител на оваа институција, бидејќи, за жал, имаме 130 вработени помалку во споредба со периодот пред неколку години. И со овој намален број вработени успеваме да се справуваме со приливот на предмети, меѓутоа најголемиот товар од работата паѓа токму на судската администрација, која не можам да ја изоставам, бидејќи тие се суштинската сила што стои зад судиите – рече Димовска.

Осврнувајќи се на довербата во судството, таа оцени дека клучот е во носење законити, образложени и разбирливи судски одлуки, но и во поголема отвореност на судовите кон јавноста.

– Единственото на што сметам дека ние можеме да работиме е носење образложени, законити и разбирливи одлуки, кои ќе бидат добро објаснети пред граѓаните. Сметам дека судот не треба да се правда, меѓутоа дефинитивно одлуките треба да бидат образложени и конзистентни. Тоа е еден од начините преку кои можеме да ја подобриме довербата. Во однос на критиките што често ги слушаме, морам да кажам дека тие силно влијаат врз перцепцијата за судството и дека негативните оценки најчесто доаѓаат не толку поради работата на судиите, колку поради негативните коментари. Сметам дека судството, и покрај тоа што е една од трите власти, не значи дека е на трето место или дека има „бронзен медал“. Напротив, тоа е една од трите власти што треба да бидат еднакви. Не само еднакви, туку сметам дека судството треба да биде коректив на законодавната и извршната власт – изјави Димовска.

Одговарајќи на новинарско прашање за перцепциите во јавноста поврзани со нејзината независност, Димовска истакна дека нејзината работа и досегашниот професионален ангажман се најдобрата потврда за нејзината независност.

– Во изминатите 14 месеци, додека ја водам институцијата како вршител на должност претседател, а и претходно во мојата работа, сметам дека на сите што ме познаваат и секојдневно се во судот им покажав дека работам професионално, транспарентно, независно, без притисоци и без привилегирање на која било страна – рече Димовска.

Таа вели дека е судија веќе 10 години и во текот на мојата работа многупати можело да се види како постапувам и како се однесувам – истакна Димовска, додавајќи дека е отворена за критика и дека нејзината работа е предмет на континуирана оценка и надзор од Судскиот совет.

Осврнувајќи се и на споменувањата во јавноста поврзани со истрагата за нејзиниот брат во врска со случајот „Пулс“, Димовска рече дека тоа не може да биде пречка ниту да влијае врз нејзината работа како судија и претседател на судот.

– Во однос на истрагата за мојот брат, во изминатиот период имало многу истраги и постапки. Некои завршиле, некои биле прекинати. Голем дел од луѓето кои биле предмет на истраги денес се на одговорни функции. Затоа воопшто не сметам дека тоа може да биде пречка или да фрли сенка врз мојата работа – изјави Димовска.

Таа денеска даде свечена изјава пред Судскиот совет, откако беше избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на седницата одржана на 8 јули годинава, по спроведена постапка по јавен оглас. При изборот, членовите на Судскиот совет како нејзини предности ги посочија визионерскиот пристап во раководењето, заложбите за независност и транспарентност на судот и резултатите остварени во периодот кога ја извршуваше функцијата в.д. претседател.

Покрај Димовска, свечена изјава пред Судскиот совет денеска даде и Јордан Јованов, избран за судија на Основниот суд Струга.

Воедно, свечена изјава дадоа и Маја Џорлева, Александар Цацков, Мери Гичева, Цона Каламерникова, Јулијана Недкова и Сашко Георгиев, кои се избрани за судии на Апелациониот суд Штип.