Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ФЗО: Во август исплатени над 623 милиони денари за боледувања, од кои над 414 милиони за породилни отсуства

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на август годинава исплати вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на август годинава исплати вкупно 623.150.780 денари по основ на надоместок на плата за привремена спреченост за работа, од кои 414.050.780 денари се исплатени за породилни отсуства.

Како што информирааат од ФЗО, станува збор за исклучително висока месечна реализација, постигната со засилена обработка на предметите и внимателно планирање на расположливите средства, со јасна цел – исплатите кон осигурениците да се одвиваат редовно и со стабилна динамика.

– При обработката на предметите се почитуваше хронолошкиот редослед, при што приоритет беше даден на осигурениците чии барања се со постар датум. Со ваквата динамика Фондот создаде услови надоместоците за боледување, а особено надоместоците за породилно отсуство, да се исплаќаат тековно и редовно. Посебен приоритет на исплатата на породилните надоместоци беше даден по насока на генералниот директор на Фондот, Златко Перински. Со внимателно планирање и ефикасно управување со средствата во август беа обезбедени над 414 милиони денари само за породилни надоместоци, без притоа да се наруши редовното намирување на другите финансиски обврски на Фондот – соопшти ФЗО.

Реклама

Ваквиот пристап, се наведува во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период.

– Редовната исплата на боледувањата, со посебен фокус на породилните надоместоци, останува еден од приоритетите на раководството на Фондот, паралелно со обезбедувањето финансиска стабилност и непречено извршување на сите други обврски кон осигурениците и здравствениот систем. Зад овие бројки стојат осигуреници и семејства за кои навремената исплата значи сигурност во период кога им е најпотребна. Затоа Фондот продолжува со унапредување на организацијата и ефикасноста во работењето, со јасна цел – редовни исплати, пократко време на обработка и поголема сигурност за осигурениците – порачуваат од ФЗО.