Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Катна гаража во Охрид, модерен базен во Кавадарци, улици во Ресен, водовод во Тетово, градинка во Гази Баба, над 18 милијарди денари за капитални проекти во општините

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет инвестира во капитални проекти, кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет инвестира во капитални проекти, кои се реализираат преку општините со цел, поволностите од нив да ја почувствуваат сите граѓани во сите делови на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Така, по позитивните резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата објави втор, преку кои се создаваат услови за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните.

Вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит, Владата им стави на располагање на општините преку двата јавни повика, наменети за реализација на инфраструктурни и капитални проекти.

Реклама

Ова не е само краткорочна политика, туку веќе станува модел во кој државата, преку децентрализација на средствата од централниот буџет, обезбедува финансиска поддршка, додека општините ги подготвуваат и предлагаат проектите согласно реалните потреби на граѓаните, со јасна цел, подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и поквалитетни услови за живот.

Ваквите политики, се од особено значење за помалите општини, кои имаат ограничени финансии, но сериозни инфраструктурни проблеми и потреби, затоа тука е државата да помогне таму каде што е најпотребно и да создаде услови за рамномерен развој низ целата територија.

Така, со цел да се создадат подобри услови за најмладите во општина Гази Баба, Владата додели финансиски средства за детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево.

Со помошта на Владата во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа, а во Гевгелија се реконструира Старата чаршија.

Понатаму, во општина Аеродром, се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“, во Охрид, за да се реши деценискиот проблем со недостиг на паркинг места, се гради катна гаража, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека Кавадарци изгради нов модерен базен.

Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, Тетово ќе гради водоводна мрежа и ново средно училиште, додека Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен.

Виница, пак, доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за изградба на фотонапонска централа на покривот на општинската зграда, а Куманово за изградба на краци од секундарната гасоводна мрежа на неколку улици.

Ваквите инвестиции во сите делови од државата имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, затоа што тие секојдневно ги користат улиците, училиштата, детските градинки, јавните установи и комуналната инфраструктура.

Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина мора да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени.

Суштината на поддршката за локалната самоуправа е повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата.