Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM на линија на Кина, против САД

Опозициската СДСM на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСM на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Хистеријата којашто изминатиот период СДСM ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД.

Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДСM, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри.

Реклама

Неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците.

Тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДС, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес.

Според пишувањата во американските медиуми, Кина тоа го право со намера на влијае врз својот најголем конкурент, затоа што моментално со САД се во трка да ги изградат најсовремените дата центри и најнапредни системи за вештачка интелигенција во светот.

И од ова гледна точка, делувањето на Кина преку ботови на социјалните мрежи да влијаат врз Американците да се спротивстават на изградбата на дата центри за вештачка интелигенција, до некаде е разбирливо.

Но, прашањето е што ги тера СДСM и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција.

Како ВМРО-ДПМНЕ му порачуваме на СДСM дека безуспешни ќе им бидат сите обиди за да го спречат развојот на државата, и да се стават на иста линија и во служба на интереси против нашите стратешки партнери.

Иднината на светот е развојот на високата информатичка технологија и Македонија мора да го фати чекорот, за и во ова индустрија да не биде во последните родови, секако со почитување на сите законски прописи кои гарантираат заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси.