– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на пистата во Полициската академија, ќе ги поздрави учениците примени во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ по повод почетокот на нивното образование.
По 26 години, училиштето повторно започнува со работа од 1 септември и ги отвора вратите за вкупно 310 ученици примени на конкурс.
Новото средно полициско училиште ќе биде двегодишно (трета и четврта година) и ќе запишува средношколци на возраст од 15-16 години, кои првите две години ги завршиле во кое било четиригодишно средно училиште во државата.

Учениците ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште.
