Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Транспортери: Или решавање на проблемот со престојот во шенген или блокирање граници

Македонските транспортери најавија блокирање на граничните премини ако не се реши проблемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските транспортери најавија блокирање на граничните премини ако не се реши проблемот со визите за престој во шенген зоната. Тие оддржаа предупредувачки протест и преку делегацијата на ЕУ во Скопје, до Брисел поднесоа барање за надминување на проблемот, со напомена дека ќе ги радикализираат протестите. Пред седум месеци, работната група оддржа состанок и до сега нема никаков напредок за надминување на ограничувањето според правилото за престој во земјите не шенген зоната, односно максимален престој од 90 дена во период од 180 денови.

Не сме ние да не ценат како туристи, ние сме пррофесионални возачи што вршиме достава на роба по ЕУ. Има чекање по граници, не знаеме као со денови како ќе стасаме до таа граница, што ќе се случува со нас како профеисонални возачи, дали чќе не враќаат или ни бројат денови, значи не малтертираат за бадијала, вели професионален возач.

Ќе се организираме да  блокираме граница како минатиот пат, но овој пат ќе се огранизираме додека не се најде конечно решение, а не како минатиот пат со ветување и немаше ништо конкретно, додаде сопственик на транспортна компанија.

Реклама

Од транспортна асоцијација МАКАМ ги поддржува протестите бараат надминување на проблемот за да се продолжи со непречен транспорт на стоката низ земјите од ЕУ која ја превезуваат македонските транспортери. Муратовска вели, дека сегашните правила на шенген зоната им прават дополниелтен стрес на возачите.

Пристапот на билатерална основа значи поддршка и барање да се најде решение, биејќи на крај сите триесет држави треба да донедсат една одлука. Јас сум им благодарна на нашата држава што се обидува на секој начин, па дури имаше и на една средба се изгласа една декларација за поддршка, изјави Генрералната секретарка на МАКАМ, Билјана Муратовска.

Во меѓувреме од министерството за транспорт соопштија дека во завршна фаза се преговорите со Австрија за добивање работни визи за македонските возачи. Во октомври се очекува и потврда од Словенија, а паралелно се разговара и со Германија. Претходно, вакви договори се склучени со Швајцарија, Хрватска и Романија. Од министерството додаваат дека идејата е генерално да се покријат рутите каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи.