Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Општина Маврово и Ростуше по 6 илјади денари, училишни ранци школски прибор за сите првачиња

Општина Маврово и Ростуше обезбеди еднократен паричен надоместок комплет школски прибор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше обезбеди еднократен паричен надоместок комплет школски прибор за сите првачиња.

-Согласно програмските определби и приоритети на градоначалникот Онер Јакупоски, за поддршка на семејствата и унапредување на образованието, Општината за секое запишано прваче во сите општински основни училишта обезбеди по еднократна парична поддршка од 6.000 денари и училиштен ранец со комплетен прибор за почеток на училишната година, објавија од секторот за односи со јавноста.

Се додава дека оваа мерка има за цел да им овозможи олеснет почеток на семејствата во подготовките за училиште и да донесе радост кај најмладите при нивниот прв чекор во образовниот процес.

Реклама

-Првачињата се нашата иднина и наша најголема радост. Наш приоритет е да им овозможиме подобри услови за учење и безгрижно детство. Со оваа поддршка сакаме да им посакаме успешен почеток и да им олесниме на нивните родители во овој важен момент, вели градоначалникот Јакупоски, кој им посака среќен, успешен и исполнет со знаења почеток на новата учебна година на сите ученици и нивните наставници.

Во оваа општина функционираат четири основни училишта и тоа во Ростуше, Скудриње, Маврово Анови и во Жировница, како и гимназија во Ростуше.