Дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош утре ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот поради дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“, спроти Заводот за вработување.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до целосно отстранување на дефектот.
