Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 

Авионски третман против комарци ќе се реализира утре во Кавадарци, соопштија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авионски третман против комарци ќе се реализира утре во Кавадарци, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Се известува населението дека во периодот од 5:30 до 7 часот, ќе се спроведе третото авионско третирање против комарци за 2026 година на територијата на општината. Третманот го опфаќа подрачјето долж течението на реката Луда Мара од село Марена, целото градско подрачје на Кавадарци, село Ваташа, па сè до браната Моклиште.

– Се апелира до сите пчелари во периодот на третирање, како и три до четири часа потоа, да ги затворат кошниците со цел заштита на пчелните семејства од можното влијание на средството – додадоа од кабинетот на Јанчев.

Реклама

Во случај на неповолни временски услови, како врнежи од дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за друг соодветен ден, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

-Третирањето ќе го изврши операторот ДВУ „РИМИН ЕР“ – ДООЕЛ – Штип, стои во соопштението од кабинетот на Јанчев.