Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули годинава изнесува 4,68 проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули годинава изнесува 4,68 проценти и бележи благ месечен раст од 0,01 процентен поен, додека на годишно ниво е пониска за 0,23 процентни поени, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните депозити достигнала 2,18 проценти, што е зголемување од 0,01 процентен поен на месечно ниво, но намалување од 0,03 процентни поени споредено со истиот период лани. 

Според соопштението на Народна банка, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесувала 4,44 проценти, што претставува раст од 0,06 процентни поени во однос на претходниот месец и од 0,02 процентни поени на годишна основа. Кај новопримените депозити е регистриран месечен пад од 0,12 процентни поени, при што каматната стапка се спуштила на 2,42 проценти, додека на годишно ниво е повисока за 0,07 процентни поени. 

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули достигнала 4,34 проценти, што е за 0,03 процентни поени повеќе во однос на јуни, но за 0,20 процентни поени помалку во споредба со јули минатата година. Каматната стапка на новоодобрените кредити за компаниите изнесувала 4,21 процент и бележи месечно намалување од 0,04 процентни поени.

Реклама

Во делот на депозитите на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните депозити се намалила на 2,63 проценти, додека кај новопримените депозити е забележан поизразен пад од 0,22 процентни поени, при што каматната стапка изнесувала 1,98 проценти. 

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останала непроменета и изнесува 5,02 проценти, што сепак е за 0,26 процентни поени пониско ниво во однос на јули 2025 година. Каматната стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата достигнала 4,73 проценти и е повисока за 0,02 процентни поени на месечна основа.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата во јули се зголемила за 0,01 процентен поен и изнесува 2,11 проценти. Истовремено, каматната стапка на новопримените депозити се намалила за 0,09 процентни поени на месечно ниво и достигнала 2,65 проценти, што сепак претставува годишен раст од 0,32 процентни поени.