Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Во штипско Ново Село денеска се одбележаа 102 години од убиството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипско Ново Село денеска се одбележаа 102 години од убиството на Тодор Александров на планината Пирин. Здружението на граѓаните од Ново Село – Штип традиционално ја организира панихидата за Александров во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што и бил крстен. Граѓани од штипско Ново Село, пратеникот во македонското Собрание, Душко Иванов, претставници од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и членови на патриотски здруженија од неколку градови во земјата положија цвеќе пред неговиот споменик, кој се наоѓа кај паркот „Јавор“.

Тоше Ристов од Здружението на граѓаните од Ново Село – Штип истакна дека денеска од родното место на Александров уште еднаш беше оддадена почит кон неговиот живот и дело. 

– На овој ден, 31 август 1924 година, на планината Пирин е убиен Тодор Александров. По тој повод секоја година традиционално организираме панихида. Денеска тоа го направивме во православниот храм „Успение на пресвета Богородица“, каде што е крстен. Тој е роден во Ново Село, неговата семејна куќа се наоѓа овде, која била запалена 1905 од страна на турскиот аскер. Неговото семејство се иселува од Ново Село на еден насилен и брутален начин, а неговите сестри се населуват во повеќе балкански држави – вели Ристов.

Реклама

Но, покрај традиционалното одбележување, жителите на старата штипска населба Ново Село велат дека споменот на Тодор Александров и неговото дело треба да се чуваат секојдневно.

– Ние како новоселци имаме обврска да ги почитуваме овие личности, да им дадеме достојна почит и чест и не само ние, туку и идните генерации, бидејки живееме слободно благодарение на некој начин на неговата пожртвуваност и борба – рече Ристов упатувајќи апел на младите генерации да се интересираат за историските личности.

Тодор Александров е роден 1881 година во штипско Ново Село, а загинал 1924 година на планината Пирин. Во штипско Ново Село над 30 години се одбележува смртта на Александров, кој бил учител и еден од водачите на историското ВМРО.