Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава

Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар новата учебна година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежни активности што се реализираат во дел од училишниот објект во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП).

Од Општина Центар информираат дека активностите ги спроведува Министерството за образование и наука, кое ги обезбедува финансиските средства, проектната документација, надзорот и изведувачот на работите.

Според првичната динамика, градежните зафати требало да завршат пред почетокот на учебната 2026/2027 година, но поради тоа што работите сè уште се во тек, училиштето побарало организација на онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение.

Реклама

Министерството за образование и наука дало согласност наставата привремено да се реализира од далечина до создавање услови за безбедно одвивање на наставниот процес со физичко присуство.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека приоритет е учебната година да започне непречено и во безбедни услови.

– Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Бидејќи градежните активности што ги реализира Министерството за образование и наука сè уште не се завршени, учениците од четврто до деветто одделение времено ќе следат онлајн настава. Од МОН побаравме информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите, затоа што очекуваме тие да бидат завршени во најкус можен рок и учениците што побрзо да се вратат во училишните клупи – истакна Герасимовски.

Од Општина Центар посочуваат дека ќе останат во постојана комуникација со училиштето, родителите и Министерството за образование и наука, со цел учениците што поскоро да продолжат со редовна настава во училишните простории.