Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Нова опрема, реконструирани училници и бесплатни ранци за учениците во Кисела Вода

Основните училишта „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основните училишта „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода новата учебна година ќе ја започнат со подобрени услови за настава, по реализацијата на повеќе инвестиции во дигитализацијата, училишната инфраструктура и опремувањето со нов мебел.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, во ООУ „Партенија Зографски“ е спроведена целосна дигитализација и модернизација на наставниот процес преку набавка на нова информатичка опрема, која вклучува лаптопи, смарт панели, таблети и гигабитни рутери за стабилна интернет-мрежа низ целиот објект.

Во училиштето целосно се заменети и клупите и столчињата за учениците од прво до четврто одделение, набавен е нов мебел за предметната настава, како и шкафчиња за наставниците и техничкиот персонал.

Реклама

Инвестиции се реализирани и во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што се набавени 150 нови столчиња, 75 училишни клупи и катедри. Училниците се опремени со телевизори и бели табли, а реконструирани и освежени се 7.500 квадратни метри ѕидни површини во десет училници и придружните ходници.

Од Општината информираат дека во пресрет на новата учебна година се обезбедени и бесплатни ранци со училишен прибор за секое прваче, како и училишни униформи за сите ученици.