Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

НБРСМ: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава достигнаа 336,4 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 проценти и годишно зголемување од 22,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. 

Според податоците, средствата на ОФИ се зголемени за 22,7 милијарди денари во однос на претходниот квартал и учествуваат со 23,3 проценти во вкупните средства на финансиските институции во земјата. Најголемо учество во структурата на ОФИ имаат пензиските фондови со 63,7 проценти, а по нив следуваат осигурителните друштва со 13,5 проценти. 

Од Народна банка на Македонија посочуваат дека растот главно се должи на повисоките средства на пензиските фондови, додека позитивни движења се забележани и кај останатите потсектори, освен кај финансиските друштва кои евидентирале квартален пад. 

Реклама

Во вториот квартал средствата на пензиските фондови достигнале 214,3 милијарди денари и се зголемени за 8 проценти на квартално и за 21 процент на годишно ниво, главно поради повисоки вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност. 

Средствата на инвестициските фондови бележат највисок раст меѓу поголемите потсектори и изнесуваат 35,6 милијарди денари, што е за 12,3 проценти повеќе на квартално и за 44,2 проценти на годишно ниво. Истовремено, средствата на осигурителните друштва се зголемени за 3 проценти квартално и за 8,8 проценти годишно.

Кај финансиските друштва е регистриран квартален пад на средствата од 1,1 процент, иако на годишно ниво е забележан раст од 30,3 проценти. Средствата на друштвата за финансиски лизинг се повисоки за 4,8 проценти на квартално и за 21,7 проценти на годишно ниво. 

Најголем дел од средствата на ОФИ се пласирани во должнички хартии од вредност, кои учествуваат со 49,3 проценти, и во сопственички хартии од вредност со учество од 28,5 проценти. На страната на обврските, најголем удел имаат техничките резерви на осигурувањето со 49,4 проценти и капиталните сметки со 40,4 проценти.