Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Илинден почна со изградба на нов парк во Миладиновци

Општина Илинден започна со изградба на нов парк во населеното место Миладиновци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден започна со изградба на нов парк во населеното место Миладиновци, во рамки на активностите за уредување и унапредување на јавните површини и создавање нови рекреативни содржини за граѓаните.

Како што соопшти Општината, со проектот е предвидено целосно уредување на постојниот простор со нови зелени површини, пешачки патеки и урбана опрема.

Во рамки на градежните работи ќе бидат изградени нови бетонски и павер-површини, а посебен акцент е ставен на содржините за најмладите. Предвидена е изградба на детско катче со кула и лизгалка, лулашка и клацкалка, како и поставување клупи за одмор и дружење.

Реклама

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид во почетокот на градежните активности, појасни дека со реализацијата на проектот просторот ќе добие нова функција и современ изглед.

– Со изградбата на паркот, досегашниот простор ќе добие целосно нов изглед и намена, создавајќи уредена и безбедна средина која ќе придонесе за поквалитетно секојдневие на жителите на Миладиновци – истакна Георгиевски.

Од Општината посочуваат дека уредувањето на јавните површини и создавањето нови зелени и рекреативни содржини остануваат меѓу приоритетите на локалната самоуправа, со цел обезбедување похумана, поуредена и пофункционална средина за живот.