Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Доминација на македонските фудбалски судии: Соклевска Илиевски, Цветановиќ, Ристов и Николоски дел од финалињата на МИ во Таранто

Македонските судии Елена Соклевска Илиевски, Тамара Цветановиќ, Ангелчо Ристов и Александар Николоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските судии Елена Соклевска Илиевски, Тамара Цветановиќ, Ангелчо Ристов и Александар Николоски добија значајни назначувања во завршницата на фудбалските натпревари на Медитеранските игри во Таранто. Тројца од нив ќе бидат дел од судискиот тим на женското финале, додека Николоски е делегиран за натпреварот за третото место во женска конкуренција.

Соклевска Илиевски, Цветановиќ и Ристов денеска ќе делат правда на финалниот натпревар меѓу Португалија и Италија, кој ќе се одигра од 19 часот на стадионот „Еразмо Јаковоне“. Главен судија ќе биде Тјаша Мисја од Словенија, а македонските интернационални асистентки Соклевска Илиевски и Цветановиќ се назначени за помошни судии, додека Ристов ќе ја извршува функцијата четврти судија.

Изборот на македонските арбитри за финалето претставува значајно признание, со оглед дека тие се избрани меѓу 26 судии од осум земји учеснички на турнирот: Турција, Албанија, Словенија, Македонија, Алжир, Мароко, Тунис и Италија.

Реклама

Соклевска Илиевски и Цветановиќ се меѓународни асистентки со долгогодишно искуство на домашната и меѓународната сцена, а нивниот ангажман на финалниот натпревар е уште една потврда за квалитетот на македонското судење.

Воедно, македонскиот асистент Александар Николоски ќе биде дел од натпреварот за третото место во женска конкуренција меѓу Мароко и Словенија, кој се игра денеска во Бриндиси со почеток од 10:30 часот.

Николоски и Ристов вчера беа дел од судискиот тим на мечот за третото место во машка конкуренција меѓу Италија и Мароко, кој заврши со победа на Мароканците од 4:1.

Во машкото финале, селекцијата на Алжир го освои златниот медал откако со 2:0 ја совлада репрезентацијата на Тунис.