Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ ќе мора да одговори за сопственото минато

ВРЕДИ јасно и без никаква резерва го осудува величењето на воениот злосторник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ јасно и без никаква резерва го осудува величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. За ваква објава мора да има политичка и институционална одговорност. За геноцидот во Сребреница нема релативизација, оправдување и нема две вистини. ВЛЕН никому ништо не му должи. Единствената обврска ја има кон граѓаните што му ја дадоа довербата.

Што и да каже оваа нереформирана и лицемерна ДУИ, која функционира како старо политбиро, на крајот завршува со автогол. Толку долго ја преправа сопствената историја, што веќе почна и самата да си верува во сопствените лаги.

Токму овие дежурни патриоти беа дел од власта што со сите сили го туркаше проектот мини-Југославија, попознат како „Отворен Балкан“, кој самите го продаваа како нова регионална иднина, а денес го опишуваат како инфраструктура на „српскиот свет“.

Реклама

ДУИ го бара „српскиот свет“ кај другите, но бега од сопствената политичка биографија. Зборува за српско политичко, економско и медиумско влијание како дваесет години да живеела на друга планета, а не да седела во секоја влада, да раководела со клучни министерства и директно да учествувала во носењето одлуки.

Затоа, ако ДУИ сака да зборува за „српскиот свет“, ќе зборуваме. Но со датуми, нивни изјави и документи. Ќе потсетиме што зборуваа и што премолчуваа додека беа на власт, како и што се случуваше пред нивни очи.