Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со поддршка од Владата преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти, кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Македонија денес е едно големо градилиште. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија денес е едно големо градилиште. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен инвестициски циклус во општините, со кој се надминуваат деценискиот недостиг на инвестиции и запоставеноста на локалната инфраструктура, се наведува во оопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во општините во целата држава во моментот се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата. Тоа се конкретни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните со нови и реконструирани патишта, водоводи и канализации, подобра животна средина, модерни училишта, спортски терени, културни објекти и подобри јавни услуги.

Преку два јавни повици, Владата на општините им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои денес се преточуваат во конкретни капитални инвестиции со кои се развива локалната инфраструктура, но истовремено се поттикнува и домашната економија.

Реклама

Само преку ресорот транспорт и врски се реализираат 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари. Од нив, 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација.

Во областа на животната средина се реализираат 183 проекти, во вредност од над три милијарди денари. Од нив, 45 се целосно завршени, а 138 се во фаза на реализација. Додека за ресорот образование одобрени се 55 проекти, со кои се инвестира во нови училишта, реконструкција на постојните објекти, училишни спортски сали и спортски терени. Седум проекти се целосно завршени, а на 48 интензивно се работи.

36 проекти во вредност од близу 770 милиони денари се одобрени за македонскиот спорт, од кои 10 проекти се целосно завршени, а 26 се во реализација, а Владата одобри и 18 проекти во културата вредни над 822 милиони денари, додека за социјалната политика се реализираат 10 проекти во вредност од над 771 милион денари.

Вкупно 80 општини добија финансиска поддршка од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон патната инфраструктура, детските градинки, спортските терени и комуналната инфраструктура.

Поддршката е видлива во секој дел од државата. За општините Гази Баба и Прилеп, вкупната поддршка од двата јавни повици за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за Велес се обезбедени 9 милиони евра, додека за Неготино обезбедени се над четири милиони евра за 12 проекти, во Дебар се финансираат 26 проекти, во Битола 81, во Струмица 13, во Крива Паланка пет проекти.

Тоа што е важно да се напомне е дека зад инвестициите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови. Зад проектите во животната средина стојат решени децениски комунални проблеми, додека зад инвестициите во инфраструктурата стојат подобри патишта. Инвестициите во културата значат зачувување на македонското културно наследство, додека проектите во социјалната политика значат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги.

Ова е разликата меѓу празни ветувања и работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во цела Македонија, затоа што развојот и подобрите услови за живот треба да стигнат до сите граѓани без разлика на нивното место на живеење.